Секој 5 Октомври светот го одбележува Светскиот ден на учителите – ден посветен на сите оние кои секојдневно ги инспирираат, поддржуваат ги насочуваат новите генерации кон знаење, вредности и одговорност.
По тој повод матурантите од Гимназијата „Мирче Ацев“ организираа настан и со пригодно обраќање им го честитаа празникот на наставниците.



„Денес, не сакаме да ви честитаме само затоа што така налага празникот.
Честит Ден на учителите, на професорите!
Но, овие зборови нека бидат многу повеќе од празнична формалност. Нека бидат признание. Ви благодариме.
Вашата работа не се мери само во часови, туку во животи што сте ги инспириралеи вовредности што ќе траат со генерации.
Знаењето се пренесува со зборови, но вредностите се пренесуваат со пример. Ви благодариме што сте пример.
Учител е оној што не само што отвора книги, туку и отвора хоризонти. Ви благодариме за секој нов хоризонт.
Нека Ви е честит Денот на учителот!“ - порачаа учениците.
За секој наставник учениците имаа подготвено честитки со пораки за благодарност.



Настанот беше организиран под менторство на професорката Весна Михаиловска а учествуваа учениците Лаура Кајџаноска, Илин Ристески, Михаела Андриеска и Горјан Петрески.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026