Марија Матеска и Елена Николоска, ученички во од II-4 клас во нашата Гимназија, во периодот од 27-29 септември, во Охрид, учествуваа на обука реализирана од Младинскиот совет Прилеп, како дел од проектот „Youth 4 EU - Младите за ЕУ“.

Во улога на млади амбасадори спроведоа повеќе активности меѓу кои и запознавање со основните вредности и структури во ЕУ. Она што го учеа на обуката, потоа, практично го применија преку изведување на симулација на Европски парламент и Совет на ЕУ.



Овие две наши ученички ќе ги споделат стекнатите знаења со други ученици од училиштето, во реализацијата на останатите предвидени активности во рамките на проектот.
Повеќе за проектот прочитајте нa следниов ЛИНК
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026