На ден 09.10.2026, во Гимназија „Мирче Ацев“ беа одржани избори за Ученик правобранител.
После промоцијата на кандидатите која се одржа на 08.10.2026, учениците има право да го дадат својот глас за еден од тројцата кандидати: Калина Ѓорѓиеска, Горјан Петрески и Галина Гешоска.
Најголем дел од учениците го дадоа својот глас за Галина Гешоска која со 102 од 259 гласа беше избрана да ги брани правата на учениците и да се залага за нивната безбедност и рамноправност во нашето училиште.

ГАЛИНА ГЕШОСКА
новиот ученик правобранител
Упатуваме искрени честитки до Галина и се надеваме дека ќе ја оствари својата цел и одговорно ќе ја извршува задачата на правобранител.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026