Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Уште еден бронзен медал за гимназијалецот Благој Рујаноски Стојановски на Олимпијада по вештачка интелигенција
Гимназијалецот Благој, уште еднаш се врати со медал освоен на меѓународен натпревар од областа на информатиката

Европската Олимпијада во Вештачка Интелигенција (ЕУРОАИ) се оддржа од 14-19 Јули 2026, на Универзитетот „Бабеш Болјаи“ во Клуж Напока, Романија.

Благој рс Романија ВИ

На оваа Олимпијада учествуваа средношколци, натпреварувачи, од 23 најдобро пласирани земји од Европа меѓу кои и од Македонија, како и гости од осум држави од други континенти.

Македонскиот тим беше составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, Тодор Пљаков од велешката гимназија, како и Андреј Ангелов и Анастасија Пецевска од државната математичко-информатичка гимназија. Водачи на тимот беа м-р Владислав Бидиков и м-р Димитар Милески* од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Натпреварот се состоеше од два натпреварувачки дена. Задачите беа од областа на вештачка интелигенција, каде учесниците требаше да програмираат модели кои ќе решаваат одредени задачи како на пример: Анализа на слики, обработка на текст, предвидување на позиции на небесни тела, енкрипција и декрипција...при што не треба да применуваат веќе познати решенија, туку треба решенијата сами да ги креираат.

Македонскиот тим оствари извонреден успех, при што Благој Рујаноски Стојановски, Андреј Ангелов и Тодор Пљаков освоија бронзени медали.

со знаме ги прозиваат

на пиедесталот

Браво за сите ученици и нивните ментори!

so medalite

so mentorite

diploma

На нашиот ученик Благој Рујаноски Стојановски ова му е втор бронзен медал оваа година освоен на меѓународни олимпијади за вештачка интелигенција. Во февруари, на зимската средношколска Олимпијада по Вештачка интелигенција во Љубљана, Словенија, Благој освои бронзен медал. 

Училишен ментор на Благој му е професорката по информатика Анета Стојческа.

*(Димитар Милески е поранешен ученик на нашата Гимназија кој своевремено учествуваше на натпревари по информатика и освојуваше награди.)


Објавено на: 22-07-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија