Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица
Нашата Гимназија е вклучена во програмата „UPSHIFT“ – социјални иновации

upshifot Струмица 2026

Во периодот од 18 до 20 мај, во Струмица се одржа Саемот за социјални иновации, на кој учествуваа победничките тимови од сите 16 училишта вклучени во програмата UPSHIFT – социјални иновации. Програмата е организирана од LEAD во соработка со UNICEF, Министерство за образование и наука и Биро за развој на образованието, со финансиска поддршка од Шведска.

Победничкиот тим од нашето училиште „Clean City“ беше дел од овој значаен настан и активно учествуваше во сите предвидени активности.

Тимот, составен од учениците Софија Димитриеска, Теодора Крстеска, Јована Илијоска, Филип Зографоски и Сергеј Гиноски, заедно со училишниот социолог Евда Спиркоска, работеше на доразвивање на својот прототип, вмрежување со други млади иноватори и презентација на своето решение пред претставници на општините и други релевантни институции.

Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица Тимот „Clean City“ дел од Саемот за социјални иновации во Струмица

Учеството на саемот претставуваше можност учениците да стекнат нови искуства, да разменат идеи и да ги унапредат своите вештини во областа на социјалните иновации и тимската работа.

Во периодот што следува, со финансиската поддршка од здружението LEAD, учениците ќе работат на реализација на својата идеја и нејзино претворање во конкретно решение кое ќе придонесе за почиста и подобра заедница.


Објавено на: 22-05-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија