На 25 септември 2026год. во просториите на училиштето, гимназијалците застапувани од сите претседатели на класовите го избраа новото раководство на Ученичкиот совет.
Учениците имаа можност со гласање да го изберат тимот кој ќе ги претставува во текот на новата учебна година.

На изборите, Софија Димитриеска беше повторно избрана за претседателка на Ученичкиот совет. На Софија ова ѝ е втор последователен мандат, што е доказ за довербата и поддршката што ја има меѓу соучениците.

За заменик претседател е избран Бојан Кадинец, а Ксенија Бачанов повторно ќе ја извршува функцијата секретар.
Новоформираниот тим вети дека ќе продолжи активно да работи на подобрување на ученичкиот живот, реализирање креативни проекти и поттикнување поголема вклученост на учениците во училишните активности.
Им посакуваме успех во работата и многу реализирани проекти и активности од интерес на учениците.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026