Три први места на натпреварите по хемија на „Месецот на науката“
Гимназијалците на „Месецот на науката“ освоија три први места по експериментална хемија
На 29.11.2025 год. на ПМФ, Институт за Хемија-Скопје по деветти пат се одржа настанот за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“.
На настанот учество зедоа ученици од повеќе средни училишта во Македонија кои имаа можност да проследат инспиративни предавања, да учествуваат во интерактивни едукативни работилници и да се натпреваруваат во изведување и објаснување на експерименти.
Од нашето училиште во областа на хемијата се натпреваруваа 5 ученици и сите освоија први места.
Под менторство на проф. Блаже Димески, успешни во експериментирањето беа два тима со по двајца ученици
- Димитар Илијески и Ена Беличанец со експериментот „Carina Nebula“ го освоија првото место
- Ева Стеваноска и Марко Кузевски со експериментот „Термитна реакција“ исто така освоија прво место
Под менторство на проф. Ружа Ангелеска, ученикот од четврта година
- Георги Николоски со експериментот „Испитување на ефектот на глобалното затоплување и зголемената емисија на CO2 врз растворливоста на кислород во водата“ освои прво место
Учениците и нивните ментори и организатори, преку своите експерименти покажаа дека е потребно доволно волја и желба практично да докажат дека науката е најинтересна кога се применува во лабораторија или надвор од неа.
"Ако не знаеш што е животот и сѐ во него, УЧИ ХЕМИЈА"
БРАВО ЗА УЧЕНИЦИТЕ И ЗА МЕНТОРИТЕ!
Посебна благодарност за раководството и вработените на Институтот за тутун од Прилеп, за нивната несебична поддршка, без кои не можевме целосно да ја реализираме нашата активност во експериментирање и докажување на научната мисла.