Со голема гордост ја споделуваме веста дека нашата ученичка Теодора Ѓорѓиeска го освои првото место на државниот натпревар во шах, кој во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија се одржа на 19.03.2026 во Струмица.
Теодора со својата посветеност, дисциплина и одлични стратешки потези успеа да се издвои од останатите натпреварувачи и победнички да го заземе највисокото место на натпреварот.
На овој престижен настан учествуваа и Давид Маркушески, Иван Синадиноски, Филип Башески, Димитар Илиески ученици од Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, кои достојно го претставија училиштето и покажаа висок натпреварувачки дух.
Училишен ментор на гимназиските шахисти им е професорот по спорт Дејан Стерјовски.
Овој успех е резултат на континуирана работа, љубов кон шахот и силна мотивација за напредок.
Теодора е вистински пример за тоа како со труд и упорност се постигнуваат врвни резултати.
Искрени честитки и желби за уште поголеми успеси во иднина!
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026