Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Со многу активности гимназијалците го одбележаа Светскиот ден на детето
Ликовен конкурс, анкета, работилница ...

По повод одбележувањето на 20 Ноември, Светскиот ден на детето, ученикот-правобранител Софија Настоска, цела недела ја исполни со активности посветени на овој ден.

Неделата започна со првата активност спроведена на класниот час во двете смени. На часот секој ученик имаше за задача на претходно подготвени ливчиња да запише по една желба, мисла, право или порака во контекст на Денот на детето. Така испишаните ливчиња учениците ги лепеа на бел лист хартија и на тој начин секој клас изработи по еден список со желби, мисли и права.

Следниот ден на 18.11.2025 учениците - членови на културниот сектор при Ученичкиот совет, Сара Тошеска, Јана Смилеска и Артемиј Бошкоски од прва година во координација со ученикот-правобранител, Софија Настоска и претседателот на ученичкиот совет, Софија Димитриеска, направија анкета/интервју во центарот на градот со случајни минувачи. Тие им поставуваа пет симболични прашања во контекст на детството и Меѓународниот ден на детето.

anketari

anketa na minuvaci

На ден 19.11.2025 се изврши избор на најдобар цртеж од претходно распишаниот ликовен конкурс со наслов „Од сенка до светлина” - Патот кон детската слобода.
Наградите им припаднаа на ученичките Марија Матеска и Марија Трајаноска од прва година.

nagradena-na likoven-konkurs

likoven konkurs

За крај на самиот ден 20.11.2025 Софија Настоска реализира работилница со наслов „Каков свет градиме? - Денот на детето од перспектива на младите”. Работилницата беше одржана во просториите на гимназијата со по двајца претставници од секој клас.
На самиот почеток учениците направија една рекапитулација на настаните и поделени во четири групи изработија по еден постер со списоците од желби кои ги пишуваа на класниот час во понеделникот.

rabotilnica den na deteto

Потоа поделени во пет групи анализираа сценарија од училишниот живот каде што имало прекршување на одредено право.
Следуваше дискусија за начинот на детектирање на ваквите прекршувања на правата како и за начинот на решавање на ваквите проблеми.

На самиот крај на работилницата учениците играа пантомима со симболични зборови.

Главната цел на оваа работилница беше развивање на критичко мислење на кај учениците како и способност за детектирање на прекршено право.
Учениците одлично ги завршија сите зададени активности според инструкциите кои им беа зададени.

Оваа недела успеавме да создадеме една прекрасна позитивна атмосфера исполнета со работа и активности.
Она што со сигурност е присутно кај учениците, дефинитивно е желбата за повеќе вакви настани и активности како и нивната мотивираност за самоиницијативно да учествуваат во вакви или слични работилници.

Ученикот-правобранител Софија Настоска, работилницата ја заврши со мотото: „СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА БИДЕ СЛУШНАТ!”


Објавено на: 22-11-2025

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија