Конечно после одреден временски период Гимназијата се израдува на нов изглед на спортската сала во која што ќе можат да се одржуваат часовите по спорт и спортски активности непречено и без застој.
На иницијатива на новата в.д. Директорка Снежана Спиркоска, која максимално се вложи ,салата повторно да го врати сјајот од минатото. Спортската сала беше во многу лоша состојба, но со голем број на градежни активности , за краток временски период доби нов лик.
Голема благодарност до Прилепска Пиварница А.Д Прилеп која ни помогна со финансиски средства спортската сала во Гимназијата Мирче Ацев да добие нов изглед.
Во иднина ќе продолжиме со реализација на нови идеи за потребите на учениците и професорите. Нашата гимназија е топол дом за сите. Нашите ученици заслужуваат подобри услови,а како плод на взаемната работа на професорите и учениците се врвните достигнувања на бројни натпревари.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026