Гимназија „Мирче Ацев“ го освои првото место и на регионалниот турнир во ракомет. ОДИМЕ НА ДРЖАВНО!!!
Како продолжение на освоените први места на општинскиот и зонскиот турнир, на 23.03.2026, гимназиската екипа во ракомет успешно се докажа поминувајќи го и последниот филтер каде ги совлада сите противници освојувајќи го првото место на регионалниот турнир.

Со ова се здоби со право да учествува на државното првенство а тоа значи борба за еден од медалите на национално ниво.
Покрај напорните тренинзи во изминатиот период кои траеја до доцна во ноќните часови, гимназиската екипа работеше напорно и за време на изминатиот продолжен викенд иако тоа беа неработни денови, трудот го валоризира со освоеното првото место.

Менторот на екипата, професорот по спорт Даниел Василески вели:
„Борбата беше тешка но дисциплината и умешноста на гимназијалците беа на високо ниво и се докажа дека не случајно ова се актуелните вицешампиони на Македонија од минатата учебна година кои напорно работеа да постигнат успех“
Честитки за учениците, голема благодарност за поддршката од професорите, за соработката со РК Прилеп и тренерот Богојески.
Градот Прилеп и Гимназија „Мирче Ацев“ треба да се гордеат со овие успеси и овие ученици, иако тие се постигнуваат во услови на немање на вистинска спортска сала, како што доликува на нај трофејно училиште во градов и регионов!