Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

„Од ученик за ученик“ работилници на Ученикот правобранител
Ученикот правобранител од прилепската Гимназија реализира неколку работилници со учениците од прва година

Ученикот-правобранител при СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп, Софија Настоска, заедно со нејзиниот тим, од почетокот на новата учебна година одржаа неколку работилници на тема: „Од ученик за ученик“.

Работилниците се одржаа во просториите на Гимназијата со учениците од прва година.

избори во гимназијата

Главната цел на овие работилници, беше запознавање на учениците со функцијата ученик-правобранител, збогатување на нивните знаења за неговата улога во образовниот процес и поттикнување на позитивна атмосфера во училиштето како и меѓусебна соработка.

Покрај кратката презентација, работилниците беа збогатени и со асоцијација со поими поврзани со училишниот живот и класната заедница, активност во која учениците најмногу уживаа.

rabotilnica pravobranitel

од ученик за ученик

Главната порака што им беше пренесена е дека взаемното почитување и заедничкото учество се клучни за создавање средина во која секој ученик ќе се чувствува слушнато, вреднувано и прифатено.


Објавено на: 10-10-2025

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија