Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески
Гимназијалци учествуваа на настан во Небрегово посветен на ликот и делото на Блаже Конески

Оваа година се обележаа 80 години од Азбуката и Правописот на македонскиот стандарден јазик. Фондацијата КЕЦ Небрегово, по тој повод организираше настан на 4.9.2025 година во спомен-куќата на Блаже Конески. На овај настан насловен „Зборот на Конески и гајдата на Пеце“ зеде учество и СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп.

Во духот на нашиот литературен јазик и во чест на големиот Блаже Конески, ученици од нашето училиште рецитираа стихови  од „Везилка“ на Блаже Конески.

Голема благодарност до нашите Илин Ристески и Искра Спиркоска коишто со својата рецитација им ги стоплија душите на сите присутни.

Остануваме посветени на јазикот наш и таа грижа е наша должност и обврска како професори и едукатори. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп се закити со Благодарница на којшто беше ставена песната „Збор“ од Блаже Конески.

Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески Со почит кон ликот и делото на Блаже Конески

фотографија: 
Евгенија Димитриовска и
Софија Настоска

Делото на Блаже Конески не им е туѓо на нашите ученици. Неговите стихови често се рецитираат на многубројните поетски вечери и слични училишни приредби, а неговиот труд за кодификација на македонскиот јазик е составен дел на образовниот процес.

Гимназијалците во 2021 година на Блаже Конески му посветија должна почит снимајќи во неговата спомен-куќа во Небрегово прекрасен поетски видеозапис.


Објавено на: 05-09-2025

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија