Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Прилепски гимназијалци освоија втора и трета награда на државниот натпревар по математика
Гимназијалците и оваа година со одлични резултати на државниот натпревар по математика

мат

На 07.03.2026 година во просториите на Институтот по математика, при ПМФ, се одржа Државниот натпревар по математика. На истиот учество зедоа и ученици од нашата гимназија и ги постигнаа следните резулати:

Михаил Живковиќ од четврта година, освои II награда - под менторство на професорката Евгенија Нешкоска,  

Васил Локвенец од втора година,  освои III награда.  Ментор на Васил е професорката Афродита Стефаноска.

И двајцата се пласираа за учестви на Македонската математичка олимпијада. 

Покрај нив, учество на Државниот натпревар зедоа и Глигор Иваноски, Софија Иваноска, Христина Николоска и Никола Здравески од прва година, под менторство на професорката Антонија  Г. Петкоска и Теодора Ѓорѓиeска под менторство на проф.Афродита Стефаноска.


Објавено на: 22-04-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија