Македонистите од Гимназија „Мирче Ацев“ најдобри во регионот На 25.04.2026, во ООУ „Гоце Делчев“ се одржаа Регионалните натпревари по Македонски јазик и литература. На истите, гимназијалците покажаа одлични резултати и дури четири ученици се пласираа на Државниот натпревар.
Ивана Атанасоска од IV година освои 95 поени, а Марија Матеска од прва година 85 поени.
И двете ученички се под менторство на проф. Мартин Наумоски.
Пласман на Државниот натпревар имаат и учениците од втора година Мила Вршкоска со 92 и Јована Тодороска со 79 поени, под менторство на проф Емона Јованоска.
Успешно учество, имаше и ученикот Матеј Комициоски под менторство на проф Христина Кочоска.

Им посакуваме успех и одлични резултати во иднина.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026