Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Уште еден успех на крајот на наставната година
На државниот натпревар по Македонски јазик и литература нашите ученици освоија две награди

На 7.6.2026 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје се одржа Државниот натпревар по Македонски јазик и литература за учениците од прва до трета година.

Гимназијата ја претставуваа:

  • Марија Матеска, прва година, ментор професор Мартин Наумоски;
  • Мила Вршкоска и Јована Тодороска од втора година, ментор професор Емона Јованоска.

Ученичката Мила Вршкоска освои втора награда, Јована Тодороска освои трета награда, а Марија Матеска се здоби со благодарница.

makedonski natprevar juni 26

Резултатите на овие ученички се извонредни со оглед на комплексноста на наставната содржина на предметот Македонски јазик и литература.

Браво за учениците и за менторите!


Објавено на: 11-06-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија