Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Хуманоста повторно на дело!
Учениците и вработените од Гимназијата „Мирче Ацев“ уште еднаш ја докажуваат својата хуманост

humanitarna poseta

На 03 декември, по повод Меѓународниот ден на лица со инвалидност, група ученици од Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, го посетија Центарот „Ѕуница“ – местото каде што секој згрижен растe и се развива.

Овој ден потсетува дека хуманоста не е само гест, туку наша обврска да помагаме во секое време. Оваа посета беше само мала искра на внимание, разбирање и подадена рака. Секој човек заслужува топлина, љубов и место каде што ќе биде безусловно прифатен.

Во духот на солидарноста и човечноста, гимназијалците донираа правосмукалка и ќебиња за секој згрижен во центарот, како симболична поддршка за нивниот комфорт и достоинствено секојдневие.

Хуманитарна донација од гимназијалците Хуманитарна донација од гимназијалците Хуманитарна донација од гимназијалците Хуманитарна донација од гимназијалците Хуманитарна донација од гимназијалците Хуманитарна донација од гимназијалците Хуманитарна донација од гимназијалците Хуманитарна донација од гимназијалците

Со благодарност до Центарот „Ѕуница“ за нивната посветеност и со искрена желба нашата мала донација да донесе голема удобност, ние продолжуваме да градиме свет во кој секој има свое место, своја вредност и своја светлина. И запомнете, разликата е дар, а не попречување!

Средставата за донацијата ги обезбедија учениците и вработените во гимназијата со спроведената хуманитарна акција во понеделникот на 01.12.2025 год. Организатори на акцијата беа Ученичкиот совет, хуманитарниот сектор и ученикот-правобанител.

Дел од собраните средства беа донирани за лице кое треба да се лекува во странство, а останатиот дел беше искористен за згрижените во Центарот „Ѕуница“.

Софија Димитриеска иСофија Настоска


Објавено на: 04-12-2025

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија