Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Гимназијалците постигнаа одлични резултати на регионалниот натпревар по хемија
Одлични резултати на регионалниот натпревар по хемија

На 16.04.2026 год во просториите на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, се одржа регионалниот натпревар по хемија. Учениците од нашето училиште покажаа одлични знаења и во категориите за прва и четврта година во кои и се натпреваруваа ги освоија првите места со што се пласираа на државниот натпревар кој ќе се одржи на 16-мај-2026 год. во институтот по хемија на ПМФ-Скопје.

Постигнати се следните резултати:

Под менторство на проф.Блаже Димески, од прва година :
1.Глигор Ивановски I(прво) место
2.Софија Иваноска I(прво) место
2.Марко Кузевски (I) награда 
 
Под менторство на проф.Ружа Ангелска, од четврта година 
1.Марија Митреска I(прво) место
2.Александар Велјаноски III(трета) награда
Уученикот Георги Николоски директно е пласиран за државниот натпревар затоа што во исто време од 16-23 април 2026 год како член на олимпискиот тим по хемија ја претставуваше Република Македонија на престижната Менделеева олимпијада по хемија – натпревар каде се соочуваат најдобрите млади хемичари од целиот свет каде за неколку поени не освои медал,но освои пофалница за успешно учество.
Овој значаен успех е резултат на огромен труд, посветеност и љубов кон науката,а сега во месец мај му претстои нов предизвик на државниот натпревар по хемија и уште една селекција за светската олимпијада по хемија. 

аи хемија

Честитки за сите успеси и новите предизвици.

Објавено на: 23-04-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија