МК | EN | FR | DE

Гимназиски ученички екипи години наназад учествуваат и освојуваат награди на натпреварите во давање на прва помош, во организација на Црвениот крст на Република Македонија.
Така беше и оваа година. Дури 40 ученици гимназијалци, од кои некои активисти во Општинската организација на Црвениот крст - Прилеп, под водство на професорот по спорт Тони Атанасоски, со интензивни вежби и тренинзи се подготвија за давање на прва помош.
Овие ученици успешно настапија на општинскиот натпревар, а од најдобрите формиран беше тим кој го претставуваше училиштето, градот и ООЦК Прилеп, на регионалниот натпревар кој се одржа денес (10 мај) во Гевгелија.
Таму гимназиската екипа имаше успешен настап и обезбеди пласман на државниот натпревар по давање на прва помош.




Гимназиската екипа ја сочинуваа следните ученици од прва и од втора година: Благица Бошковска, Михаела Велеска, Ана Марија Николоска, Матеја Бардакоска, Тамара Блажески, Сара Блажески, Георгина Ивановска, Невена Цветкоска, Лена Калеска и Јована Стојаноска.
Тренер и ментор на учениците им е професорот по спорт Тони Атанасоски.

Браво за екипата и за менторот! Им посакуваме успех и на државниот натпревар.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.