МК | EN | FR | DE
Во средата на 04 јуни, на платото кај градскиот саат се одржа мала музичка манифестација на која полуматурантите од сите основни училишта од Прилеп и околината имаа можност да се дружат со гимназијалците од нашата Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.
Заинтересираните деветтоодделенци, како и родителите имаа можност да се запознаат со подрачјата кои се нудат во нашата гимназија, со предметите кои се изучуваат, со дел од нагледните средства кои се користат на часовите, со можностите за продолжување на образованието на факултетите ...
Присутни беа и професорите кои предаваат во гимназијата, со цел полуматурантите да се запознаат со нив и да поразговараат за конкретните предмети кои ги интересираат.
На настанот присуствуваа и ученици гимназијалци кои се дружеа со полуматурантите на кои им откриваа дел од „тајните“ како е да се биде гимназијалец.
Настанот и покрај топлото време, беше исполнет со ведрина, насмевки и аплаузи кои ги изнудија гимназијалците кои настапија со неколку музички изведби.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Вокални солисти беа учениците Кирана Иваноска, Тамара Блажеска, Сара Блажеска, Софија Настоска, Илина Трпаноска, Ана Цветаноска и Сергеј Стевананџија а на гитара ги придружуваа гитаристите Кирил Младеноски и Леонид Гешовски.
Водители на програмата беа Леонид Гешовски и Илин Ристески.
Ораганизацијата на настанот беше во координација со Ученичкиот парламент чиј претседател е Евгенија Димитриовска.
фотографија:
Теодора Крстеска,
Софија Димитриеска,
Златан Гајтаноски,
Ева Јашмакоска и
Марија Темемеле
Техничка реализација:
Тони Сваќароски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.