МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Петар Мирчевски по вторпат трет во целиот свет

 

бронзен медал Петар Мирчевски

   Меѓународната Олимпијада Менделеев се смета за најпрестижната и најтешката олимпијада по хемија.
   Годинава се одржа од 5 до 13 мај во Бело Хоризонте, Бразил, а на неа учествуваа 192 ученици од 40 земји.
   Натпреварот трае седум дена и опфаќа три круга: два теоретски и еден практичен, секој во траење од по пет часа — вистински маратон на умот, знаењето и упорноста.

Македонскиот државен тим го сочинуваа:
- Марио Ванчоски, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип
- Петар Мирчевски, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп
- Теона Ана Георгиевска, ПСУ „Јахја Ќемал“, Скопје
- Елена Живаљевиќ, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје.
- Иван Костевски, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип
- Даниел Христов, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип

   Нашите млади хемичари Петар Мирчевски и Марио Ванчоски се вратија дома со бронзени медали – блескав успех во конкуренција со најдобрите умови од целиот свет.

нашите хемичари во Бразил

трети во светот

   Особено сме горди на Петар Мирчевски, ученик во нашата гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, кој освои еден од бронзените медали. Петар веќе три години по ред не претставува на меѓународната хемиска сцена, со импресивен биланс од два бронзени и еден сребрен медал.

со менторот Блаже

Училишен ментор на Петар му е професорот по хемија Блаже Димески.

   Браво, Петар! Со твојата посветеност, знаење и скромност, ни покажуваш што значи вистинска ученичка извонредност и љубов кон науката. Нека ова биде поттик за сите идни генерации млади научници од Македонија!


Објавено на: 15 Мај 2025

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија