МК | EN | FR | DE
Одлично подготвени натпреварувачи гимназијалци, од прва до четврта година, повеќе од успешно го поминаа Регионалниот натпревар по Македонски јазик и литература и се пласираа на Државен.
Регионалниот натпревар се одржа во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, на 26.04.2025 година. На натпреварот учествуваа 6 ученици од нашата Гимназија и сите беа успешни. Од нив, петмина ученици со своето знаење обезбедија пласман за учество на Државниот натпревар и тоа:
- Јована Тодороска – I година,
- Мила Вршкоска - I година,
- Софија Настоска - III година,
- Ивана Атанасоска - III година,
- Марија Јованоска – IV година
Ментор на Јована и Мила им е професорката Емона Јованоска, на Софија - професорот Дарко Ристески а на Ивана и Марија професорот Мартин Наумоски.


Учество на Регионалниот натпревар зеде и ученичката Лаура Кајџаноска од II година, под менторство на професорот Филип Ристески.

Браво за учениците и за менторите!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.