МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалецот Благој и оваа година освои две први места

Благој Рујаноски Стојановски одличен информатичар

   На 22 март 2025 година, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се одржа Државниот натпревар по информатика за ученици од средните училишта во Македонија.

   Ученикот во трета година во нашата гимназија, Благој Рујаноски Стојановски, го освои ПРВОТО МЕСТО.

   Ментор на Благој му беше професорката по информатика Анета Стојческа.

   На 16-ти и 17-ти април 2025, на ФИНКИ, се одржа Македонската Олимпијада по Информатика. На Олимпијадата учествуваа 20-те најдобри средношколци информатичари од цела Македонија меѓу кои беше и Благој. Натпреварот се одвиваше во 2 натпреварувачки дена. Првиот ден се состоеше од 3 задачи со дадени 4h за решавање, додека вториот ден повторно 3 задачи со 4.5h време за решавање. Крајниот резултат претставува збир од двата дена.

   Со постигнатиот резултат, Благој го освои ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ.

   Овој успех на Благој му овозможи да влезе во тесниот круг на ученици кои по селекционите натпревари ќе го сочинуваат тимот кој ќе ја претставува Македонија на Балканската и Светската Олимпијада по Информатика.

   Со освоени први места на двата натпревари, Благој Рујаноски Стојановски го потврди својот талент и посветеност и претставува голем потенцијал во полето на компјутерските науки.

   Благој веќе три години наназад постигнува високи резултати собирајќи ги наградите и медалите на натпреварите по информатика. Му посакуваме успех на престојните натпревари.

   Браво Благој!


Објавено на: 24 Апр 2025

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија