МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалците ќе спортуваат на фудбалско игралиште

по ФИФА стандарди

    Во средата на 05 март, во дворот на нашата Гимназија се случи свечен чин на пуштање во употреба на фудбалското игралиште со вештачка трева.

   На чинот на пуштањето во употреба на игралиштето присуствуваа министерот за спорт Борко Ристовски, гадоначалникот Борче Јовчески, гости од општествениот живот, професори и се разбира најмногу - ученици.

  „Игралиштето е инвестиција на Министерството за спорт и истото претставува успешно реализиран проект на Министерството, насочен кон подобрување и модернизација на спортската инфраструктура во државата, а со цел градење на здраво општество“ - потенцираше Министерот за спорт Борко Ристовски.

   „Ова е само еден чекор на подобрување на спортскиот дух на нашиот град, кој го има епитетот на навистина спортски град. Се залагаме да имаме спортски објекти, да ја вратиме публиката и љубовта на гледањето на спортот, конкретно фудбалот, ракометот и сите други спортови кои заслужуваат вистински и квалитетни спортски објекти“ - рече Борче Јовчески - градоначалникот на Прилеп.

  „Учениците од нашата Гимназија го негуваат спортскиот дух и традиционално, секој година постигнуваат високи резултати со освоени први, втори и трети места на различни спорткски натпревари. Се надеваме дека овој настан денес е само почеток на наредните инвестиции и од страна на градоначалникот и локалната самоуправа, но и од страна на Министерството за спорт како поддршка за нашите ученици“ истакна во својот говор Весна Михаиловска, директорката на училиштето.

   По кратките говори, градоначалникот на Прилеп и директорката на Гимназијата, на министерот за спорт му доделија благодарници за заслуги за поддржувањето и развојот на училишниот спорт во градот.

   По сечењето на лентата, ученичката Софија Настоска ја испеа Македонската химна по што започна и првиот официјален натпревар на фудбалското спортско игралиште.
   Во ученичките екипи свое место имаа и Министерот за спорт и Градоначалникот.

Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-1 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-2 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-3 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-4 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-5 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-6 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-7 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-8 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-9 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-10 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-11 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-12 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-13 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-14 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-15 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-16 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-17 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-18 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-19 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-20 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-21 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-22 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-23 Пуштање на фудбалското игралиште со вештачка трева-24

 


Објавено на: 08 Мар 2025

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија