МК | EN | FR | DE

Квалификациониот натпревар за светската олимпијада по хемија се одржа на 24 и 25 февруари на институтот по хемија на ПМФ-Скопје. Според резултатите, во топ 10 учесници влегоа двајца наши гимназијалци:
Петар Мирчевски од четврта година под менторство на проф.Блаже Димески и
Георги Николоски од трета година под менторство на проф.Ружа Ангелеска.
Петар го освои првото место и се пласира во тимот од четири ученици што ќе ја претставуваат Република Македонија на Светската олимпијада по хемија „Менделеев“ во Бразил, а Георги се пласира на седмото место.
Воедно овие двајца ученици во своите категории се пласираа и за регионалниот натпревар по хемија за учебната 2024/25 год.
На општинскиот натпревар по хемија кој се одржа на 21.02 во нашето училиште, нашите гимназијалци постигнаа одлични резултати.
Под менторство на проф.Ружа Ангелеска
Под менторство на проф. Блаже Димески
а учениците Сара Блажески и Георгина Иваноска добија сертификат за успешно учество
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.