МК | EN | FR | DE
Секоја година на 22 април се одбележува Денот на планетата Земја – ден кога се потсетуваме колку е важна нашата планета и колку е важно да ја чуваме.
По тој повод ученици од Гимназијата „Мирче Ацев“ - Прилеп, во соработка со професорката Александра Ристевска, изработија флаери и брошури со едукативна содржина кои им ги делеа на случајните минувачи во градот. Заедно со овој еколошки едукативен материјал на минувачите им се делеше и семе за цвеќиња.



Овој ден не е само симболичен, туку и повик за акција – за почиста животна средина, заштита на природата и справување со климатските промени.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.