МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Овде не чепкај, ова е мое

заедничка фотографија

   На 5 Мај се одбележува Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945г. е озаконета македонската азбука. По тој повод во Гимназијата „Мирче Ацев“ се одржа свечен настан на кој со своја изведба настапија група ученици кои со креативен, малку драматичен но и поетски израз нѐ прошетаа низ историјата на македонската писменост.

   Од деветти век до постмодернизмот, во едно сценско парче, преку внимателно избрани стихови и симболика беше испратена јасна порака за моќта на јазикот и азбуката - како личен и колективен идентитет.

   Од „Труд ми е името“ преку „Убавино ти ме заморуваш веќе“ до „Силно светнал ден “ и „Каде и да заспиеш ќе сонуваш на македонски“.

   Особено впечатлив беше делот замислен како вовед во вести. Во тој дел беа нагласени странски зборови што се употребуват на македонските гласила а за секој од нив постои разбирлив и соодветен македонски збор. Со таа сценска слика учениците потсетија дека јазикот не го губиме само ако ни го одземат, туку го губиме и тогаш кога самите го „чепкаме“ без причина. „Овде не чепкај ова е мое“ не е само мисла од Горан Стефановски, туку е и потсетник на нашата самобитност, особено во време кога јазикот и културата како да стануваат мета на заборавот. Сепак, учениците докажаа дека јазикот не е само средство за комуникација туку и простор за создавање соништа.

Вероника 

   Настанот започна со творбата „Зборот што ме буди“ од професорката по германски јазик во нашето училиште, м-р Викторија Мрмеска Богданческа, во изведба на Вероника Кочоска, а продолжи со рециталот во изведба на Евгенија Димитриовска, Ангела Чупетреска, Марија Јованоска, Иван Здравески, Стефан Петрески и Илин Ристески под менторство на професорката Елена Томевска.

Евгенија ден на македонскиот јазик25
на Денот на македонската азбука Ден на македонската азбука
сите за денот на македонската азбука

   Настанот беше топло прифатен од пристуните, а целосно беше поддржан од директорката Весна Михаиловска.


Објавено на: 06 Мај 2025

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија