МК | EN | FR | DE
На 30.11.2024 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје беше одржана манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката 2024“. Главен организатор на манифестацијата е Сојузот на математичари (СММ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ), а во реализацијата беа вклучени и Македонското биолошко друштво, Македонското географско друштво, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, Македонското еколошко друштво и Скопското астроносмско друштво.

На натпреварот под мотото „Истражувај, експериментирај и откриј нови светови!“ зеде учество и нашиот ученик Георги Николоски од III 4 клас. Георги ја освои првата награда со експериментот од областа на биологијата „Ефектот на млечно-киселите бактерии врз растот и развојот на растенијата“ под менторство на професорката Софија Крстеска.

Георги е ученик кој во континуитет ги освојува првите места на државните натпревари, а воедено е и кандидат за Олимпијадата по биологија и Олимпијадата по хемија.
Му посакуваме големи успеси и во идните натпреварувања!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.