МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Конституирање на Ученичкиот парламент

во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Евгенија Претседател

    Во присуство на тимот за поддршка на ученичкиот парламент во училиштето се одржа конститутивната седница на Ученичкиот парламент на 30.09.2024г, чии членови се сите претседатели од прва до четврта година. На повикот за пријавување на кандидати за претседател на Ученичкиот парламент пријави поднесоа тројца ученици од втора и прва година.

  • Евгенија Димитриовска,
  • Анастасија Јанкулоска и
  • Илин Ристески.

   На конститутивната седница на УП тие ги презентираа своите мотивациони писма и на интересен начин се претставија за изборот на претседател на Ученичкиот парламент.

   Од ченовите на УП беше формирана комисија од тројца членови која го спроведе гласањето. Сите присутни членови на УП тајно гласаа за својот кандидат, а комисијата го следеше целиот процес.

   По тајното гласање на членовите, комисијата ги преброи гласовите и го соопшти името на новиот претседател на УП, Евгенија Димитриовска, додека на истиот начин се избра Илин Ристески за заменик претседател и Анастасија Јанкулоска за секретар на УП.

   Се формира и координативното тело на УП составено од координаторите на учебните години, двајца претставници-наставници именувани од страна на директорот на училиштето, кои се членови на тимот за поддршка и секретарот на ученичкиот парламент.

   Со среќа на избраните ученици на Ученичкиот парламент за оваа учебна 2024/25година, да ги реализираат своите идеи и активности!


Објавено на: 07 Окт 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија