МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Ученици, по проектна активност од природни науки-хемија
го посетија Институтот по хемија

   Според предвидениот план и програма за реализација на наставата по предметот хемија за учениците кои имаат проектна активност од природни науки-хемија во учебната 2024/25 год, а со цел да се подобри интересот и мотивот за усовршување во природните науки и предметот хемија, активот по хемија има потпишани меморандуми за соработка со училишта, институции и компании на локално и државно ниво каде учениците ќе имаат прилика практично да се запознаат со најсовремени апаратури, инструменти и техники за хемиско испитување, истражување и анализа.

   Со оглед на тоа оваа учебна година во рамките на „Месецот на науката“ кој за средните училишта го организира ПМФ-Скопје на 30-11-2024 год. (Сабота) воспоставивме контакт со деканатот од институтот по хемија каде на учениците од трета година при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп им беше овозможено запознавање со наставните програми, приоритети и активности за работа и унапредување на хемијата како избор на идна професија и потреба.

vo pmf

vo pmf

vo pmf

vo pmf

vo pmf

vo pmf

vo pmf

    Во склоп на посетата на ПМФ учениците беа запознати со предизвиците од своите соученици од целата држава преку изборните проекти со кои се натпреваруваа по соодветните предмети, а потоа беа примени од раководителот на Институтот по хемија од ПМФ -Скопје проф.д-р Наташа Ристовска каде учениците имаа прилика да бидат запознати со историјатот, програмите и перспективите за избор на овој институт преку предавање и експерименти изведени од најдобрите студенти од минатата студиска година кои дипломирале со просечна оценка на студии повеќе од 9 ка.

vo pmf

vo pmf

   Со оваа посета учениците беа поттикнати на

  • откривање и поттикнување на интересот на учениците за хемијата не само како наставен предмет, туку како поле на интерес за понатамошно образование и професија.
  • проширување и продлабочување на сознанијата на учениците од определени области на хемијата
  • самостојно и колективно решавање на проблеми од областа на хемијата преку пронаоѓање, селекција и правилна примена на соодветни информации.
  • добивање на целосни сознанија за природата преку поврзување на проектните активности од областа на природните науки.
  • развиваат способност за индивидуална и тимска работа и комуникациски вештини на релација ученик-ученик, ученик- наставник, ученик- тим.

vo pmf

Организатор и раководител на еднодневната посета на ПМФ-Скопје беше проф.Ружа Ангелеска


Објавено на: 06 Дек 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија