МК | EN | FR | DE

На 30.03.2024 год. во Скопје се одржа државниот натпревар по математика за ученици од средните училишта.
Учениците од Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп постигнаа одличен успех. Освоија две награди, обезбедија пласман на престојната математичка олимпијада и добија две пофалници за успешно учество на натпреварот,
Михаил Живковиќ од втора година освои втора награда и се пласира на Македонската математичка олимпијада.
Ментор Евгенија Нешкоска.
Иван Јованоски од четврта година освои трета награда и се пласира на Македонска математичка олимпијада.
Ментор Афродита Стефаноска.
Михаил Ѓорѓиески и Софија Димитриеска од прва година добија пофалници за успешно учество на натпреварот.
Ментор Маријана Спиркоска.

Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.