МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Третоноемвриска награда за Ивана Атанасоска

  По повод 80 години од ослободувањето на Прилеп од окупаторот, во големата сала на Домот на кутурата „Марко Цепенков“ се одржа свечена Седница на Советот на општина Прилеп, на која доделени беа Третоноемвриските награди.

   Оваа година, оваа престижна награда ѝ беше доделена и на нашата ученичка Ивана Атанасоска која ја претставуваше нашата Гимназија, Прилеп и Македонија на Светската олимпијада по геонауки во Пекинг. Од таму Ивана се врати со два бронзени медали.

ивана третоноемвриска награда 3-ти Ноември

   Ивана за наградата им се заблагодари на Градоначалникот, претседателката на Советот на општина Прилеп и на Комисијата за избор.

обраќање Ивана

  Во своето излагање при доделувањето на наградата таа посебно им се заблагодари и на својата менторка, професорката Виолета Проскоска Велкоска, своите наставници, директорката на училиштето, соучениците и сите кои ја поддржуваа на патот до успехот.

Со менторката Виолета

 

Честитки !!!


Објавено на: 04 Ное 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија