МК | EN | FR | DE
На 07.12.2023 во Битола, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија во соработка со УСУС Битола и Стрелачките клубови „ГСК Пелистер“ и „РЕК - Битола“ се одржа Државен турнир во стрелаштво со воздушна пушка за основни и средни училишта. На турнирот се натпреваруваа 32 ученици од Македонија.

Нашите гимназиски натпреварувачи постигнаа одличен резултат.
Во категоријата средни училишта (женски) Ива Димоска го освои третото место - бронзен медал, а Сара Пројческа беше четврта.


Браво за постигнатиот успех!
Ваквиот резултат покажува дека гимназијалците традиционално го негуваат овој спорт во кој секогаш се на врвот.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.