МК | EN | FR | DE
На ден 20.12.2023 се одржа Државното првенство во шах за средни училишта во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија (ФУСМ) на коe учество зедоа 60 ученици од целата држава.
Се играа шест кола по Швајцарски систем со темпо на игра 10’+5” (10 минути со бонификација од 5 секунди) по играч.
Нашиот ученик Матеј Звездакоски го освои првото место и се закити со златниот медал.


Гимназијалецот Матеј Звездакоски е редовен учесник на државните и меѓународните шаховски натпревари и секогаш е во самиот врв.
Браво за Матеј!
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2025
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.