Никола Здравески, ученик во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, ќе ја претставува Македонија на IESO 2026 (Интернационалната олимпијада по Геонауки), која ќе се одржи во Торино, Италија.

Овој успех е резултат на неговата посветеност, интересот за географијата, континуираната работа и подготовка под менторство на проф. Александра Ристевска.
Учеството на IESO 2026 претставува големо достигнување, како за самиот ученик, така и за нашата Гимназија и секако нашиот град Прилеп.
Му посакуваме многу успех, одлични резултати и незаборавно искуство на ова престижно меѓународно натпреварување.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026