На меѓународниот младински натпревар „KIKUK“– Вештачка интелигенција креативно и критички“ под мотото „Мојата иднина со ВИ“ - иновативен проект, кој обедини учесници од целиот свет, нашиот тим блесна како апсолутен победник.

Гимназијалците, ученици во трета година: Бојан Филипоски и Петар Граороски го освоија првото место и поставија нови стандарди со својата креативност, знаење и исклучителен тимски дух.
„Генијалната креативност на двајцата гимназијалци испреплетена со желбата, ентузијазмот и љубовта кон изучувањето на германскиот јазик ги доведе Петар и Бојан на светскиот врв!“ – вели нивната професорка Елена Келтаноска Лашкоска.
Резултатите од натпреварот се следните:
1. место: Македонија
What Don't You Want to Forget? / Was willst du nicht vergessen?
2. место: Босна и Херцеговина & Тајван
Hinter dem Nebel (Beyond the Fog) 《霧後》
3. место: Босна и Херцеговина & Пакистан
Честитки до сите учесници, а на нашиот победнички тим и професорката по германски им посакуваме и во иднина уште многу големи успеси!

Погледнете го нивното прекрасно дело овде:
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026