
Со големо задоволство и огромна гордост објавуваме дека нашиот ученик Георги Николоски ученик во IV година во СОУ ГИМНАЗИЈА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ПРИЛЕП кој во континуитет од претходните три школски години под менторство на проф.Ружа Ангелска убедливо го освојува првото место на државниот натпревар по хемија, но и неуморно се подготвуваше за светската сцена, така што оваа година се пласираше за учество и натпревар на престижната Руска International Mendeleev Chemistry Olympiad (IMChO), која во текот на месец април ќе се одржи во Москва -Русија. 🧪🥽🌍
Овој извонреден успех е резултат на неговата посветеност, истрајност и исклучителни знаења од областа на хемијата👏🧑🏻🔬🥼
Учеството на ваков интернационален натпревар претставува чест не само за ученикот, туку и за нашето училиште и држава 🎓
Му посакуваме многу успех и одлични резултати во понатамошниот тек на олимпијадата која претставува една од најрепрезентативните светски олимпијади 🍀️️🧫⚗️⚖️🧪✨️🍀
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026