Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Хуманитарна акција „Еден поинаков ден“
По десетти пат реализирана беше хуманитарната акција „Еден поинаков ден“

Само со една цел: ПОТТИКНУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСОТ, ХУМАНОСТА И ЕМПАТИЈА НА СИТЕ ЗАИНТРИГИРАНИ СТРАНИ по десетти пат ја одбележавме Хуманитарната акција „ЕДЕН ПОНАКОВ ДЕН“ наменета за деца без родители и родителска грижа ...една од најчувствителните категории на деца сместени во згрижувачки семејства за кои исто така најважна  е потребата од љубов, прегратка и подршка...

Овој поинаков ден премина во традиција, децата без родители и родителска грижа заедно со згрижувачките семејства да присуствуваат на Божиќниот ручек  под покровителство на Детска амбасада за сите деца во светот под мотото „Едно небо за сите деца“.

Пораката од сите нас и манифестацијата е меѓусебна толеранција, почитување без дискриминација со желба за еднакви права и можности за сите.

podaroci

Poinakov den 26

гимназијалци ученици - еден поинаков ден

еден поинаков ден 2026 гимназија

Во организација и координација на Проф. Ружа Ангелеска во присуство на претставници од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилепдечињата беа израдувани со несекојдневни подароци за кои оваа година главниот спонзор беше конфекцијата „Кули“– Прилеп и вообичаениот подржувач за сите настани од овој вид ПИ „Витаминка “- Прилеп на кој во името на сите посебно му се заблагодаруваме.


Објавено на: 08-01-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија