Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Порака за почиста животна средина
Учениците од Еко клубот на СОУ Гимназија Мирче Ацев со порака за почиста животна средина

По повод Денот без автомобили – 22 септември, учениците од училишниот Еко клуб одржаа презентација со цел да ја подигнат свеста кај своите соученици за значењето на заштитата на животната средина.

prezentacija

На презентацијата беше истакнато негативното влијание на автомобилите врз загадувањето на воздухот и важноста од користење алтернативни начини на транспорт, како што се пешачењето и возењето велосипед. Учениците споделија интересни информации и совети за тоа како секој од нас може да придонесе за почиста и поздрава околина.

od prezentiranjetoprezentiranje2s pogled nakaj selechkaprezenterite

Со оваа активност, членовите на Еко клубот испратија важна порака: „Помалку автомобили, почист воздух и поздрава иднина!“

Преку ваквите активности, учениците покажуваат дека и со мали чекори можеме да направиме голема промена за нашата планета. 


Објавено на: 24-09-2026

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија