
Гимназијата е ризница и извор на таленти. Уште една успешна приказна доаѓа од нашиот ученик во втора година, Филип Николоски кој настапи на 45-от јубилеен Илинденски пливачки маратон Горица-Охрид во должина од 2,5 км на кој учествуваа над 70 пливачи кој се одржа на 02. август 2024.
Филип го сака пливањето и 9 години ги истражува тајните на овој спорт. Подготовките и тренинзите за маратонот се реализираа на градскиот базен и Прилепското езеро под менторство на проф.Даниел Василески.
За својот настап Филип изјави: „Пливањето беше задоволство но истовремено и макотрпно. Сакав да го реализирам овој предизвик. Успеав и сум многу среќен.“
Проф. Василески за Филип и неговиот настап: „Се подготвувавме активно 2 месеци. Филип одговори на обврските и зададените задачи и успешно се претстави во Охрид. Ова е голем успех пред се за Филип, за Гимназија Мирче Ацев, за Прилеп. Филип е еден од моите ученици кој ја продожи традицијата на претставници од Прилеп кои настапија на маратонот.
Благодарност до сите кои не поддржаа.“
Малиот маратон е предвесник на големи пливачки имиња, и голем предизвик за секој пливач.
Браво Филип!
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026