Поле со глуварчиња
Во полиња со глуварчиња
те оставам да ми ги откриеш желбите..
Ми правиш венче од камилица
па се радувам како дете..
а во моите тајни одаи
сум собрала
вреќи
жед и копнеж..
за да откриеш
за да дознаеш
единствената желба
во поле со глуварчиња
си ми ТИ.

Елена Ѓорѓиовска
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци