Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Трајни вредности: Одбележување на месецот на Франкофонијата
Со многу училишни активности се одбележуваше месецот на Франкофонијата

francofonie


 

ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР
Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 09.03.2015

франкофонска вечер - 2015

сите на сцената

Погледни повеќе за настанот >>


 

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА  „Un métier peut en cacher un autre“
(прво место)
Младински културен центар Скопје, 19.03.2016

2016 франкофонија скопје театар

екипата во МКЦ Скопје

 Погледни повеќе за настанот >>


 

ФРАНЦУСКА ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ЕДИТ ПИАФ
Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 22.03.2016

ЕДИТ ПИАФ плакат за француската вечер

 едит пиаф француска вечер сите на сцената

Погледни повеќе за настанот >>


 

СО ФРАНЦУСКА ДРАМА ВО БУГАРИЈА
Стара Загора 14-17.04. 2016

во Стара Загора

Погледни повеќе за настанот >>


 

МУЗИЧКА ДРАМА НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК „БОГОРОДИЧНАТА ЦРКВА ВО ПАРИЗ“
Театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 09.03.2017

театарска претстава мјузикл на француски јазик гимназија

богородичната црква

Погледни повеќе за настанот >>


 

МУЗИЧКА ДРАМА НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК „БОГОРОДИЧНАТА ЦРКВА ВО ПАРИЗ“
Македонски народен театар - Скопје 26.03.2017

македонски народен театар богородичната црква во париз

крај на претставата

Погледни повеќе за настанот >>


 

ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ ДЕЛА ПО ПОВОД МЕСЕЦОТНА ФРАНКОФОНИЈАТА
Изложбен простор - Дома на културата „Мерко Цепенков“ - Прилеп 07.03.2018

ликовна изложба

на изложба во Домот на културата Марко Цепенков

Погледни повеќе за настанот >>


 

СО „ЛОРА“ НА ФРАНКОФОНСКА ВЕЧЕР ВО СКОПЈЕ
 Салон 19:19 - Скопје 23.03.2018

Монолог Лора во 19-19 Скопје Марија Митреска

на Месецот на франкофонијата во Скопје

Погледни повеќе за настанот >>


 

КНИЖЕВНА СРЕДБА СО САРА ЖИСЛЕР
Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, 12.03.2019

средба со Сара Жислер во Гимназија Прилеп

Погледни повеќе за настанот >>


 

ПРОСЛАВА НА ФРАНКОФОНИЈАТА ВО ПРИЛЕП
20.03. 2019

франкофонија во Прилеп

Погледни повеќе за настанот >> 


 

ФЕСТИВАЛ НА СРЕДНОШКОЛСКИ ФРАНКОФОНСКИ ТЕАТАР
Мостар, Босна и Херцеговина, 9-10.05.2019

Во рамките на одбележувањето на месецот на Франкофонијата, во училиштето беше подготвена и премиерно изведена тетарската претстава „Желбите на демократијата“.

podgotovka

Истата претстава беше одиграна и на мостарскиот фестивал за средношколски франкофонски театар.

желбите на демократијата мостар театар

на сцената во мостарскиот куклен театар

Погледни повеќе за настанот >> 


 

ГИМНАЗИЈАЛЦИ ЗА ДЕНОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА
Прилеп, 22.03.2023

одбележување на денот на Франкофонијата

Погледни повеќе за настанот >> 


 

ЕЛЕКТРОНСКИ ВЕСНИК НА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК
22.03.2024

француски весник

Погледни повеќе за настанот >> 


Во нашата Гимназија, многу често се одржувале најразлични настани и имало различни активности на учениците со кои се негувале и промовирале францускиот јазик и култура.

Во поново време сите вакви случувања се поврзуваат со името на професорката по француски јазик Мирјана Бошковска.

Мирјана Бошковска во гимназијата доаѓа како професор  по француски јазик во 2010 година. Со самото доаѓање професорката со себе донесе многу идеи за реализација со учениците кои го изучуваат францускиот јазик, но исто така таа знаеше да прифати и ученици кои не го изучуваа јазикот но ја сакаат француската култура, за и нив да ги вклучи во активностите.

Покрај менторството на ученици за учество на државните и меѓународните натпревари по француски јазик, професорката Мирјана Бошковска, редовно, секоја година, по повод Месецот на Франкофонијата, секогаш наоѓаше нова форма за одбележување на празникот посветен на францускиот јазик.

Таа не сакаше само формално да се одбележи Месецот на Франкофонијата, туку сакаше секое одбележување да го направи посебно, уникатно,  за паметење ... и успеваше во тоа.

Мирјана Бошковска беше одличен идеен креатор,  организатор, координатор кој секогаш знаеше да ги направи вистинските чекори за да стигне до успехот и да ги направи среќни учениците,  соработниците и посетителите на настаните кои се реализираа. Не ѝ беа туѓи музиката, глумата, ликовната уметност, историјата, литературата ...

Бошковска беше вистински лидер кому не му беше тешко да состави и да води тим од ученици и професори кои беспоштедно ги реализираа зацртаните активности со задоволство, љубов и ведрина.

Професорката Бошковска беше афирматор на францускиот јазик и култура кај учениците, но и промотор на училиштето пред прилепската, македонската и светската јавност. Како член на Здружението на професори по француски јазик во Македонија и со учеството на државните и меѓународните натпревари и фестивали во рамките на одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, таа придонесе за нашите талентирани и вредни ученици и нашето училиште да се дознае во државата но и надвор од неа.

Со својот труд, посветеност, одговорност и исполнителност остави длабока трага во образованието во Прилеп и во Македонија.

IN MEMORIAM

Мирјана

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија