Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Поетско музички настани
Од 2010 година во гимназијата по најмалку два пати годишно се одржуваат поетско музички манифестации

Во Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп континуирано се одржуваат поетски и музички настани. Од 2010 година по повод Патрониот празник на училиштето во последните денови на месец декември започнаа да се организираат поетско-музички настани, наречени „Поетски вечери“ посветени на еден автор или со одредена тематика.

Иницијатори на овој настан беа професорките Весна Михаиловска и Ленка Јованоска, со поддршка на професорката Татјана Ивановска, а техничката реализација беше на професорот Николче Богданоски.

Во подготовката и реализиацијата на овој настан кој стана традиционален, низ годините се вклучија и други професори и училишен персонал.

Покрај оваа традиционална декемвриска поетска вечер, во училиштето, со или без повод, се организираат и други поетско - музички манифестации на нашите ученици и професори, исполнети со поезија, музика, другарување и незаборавни моменти.

Првите две изданија на овој поетско-музички настан се реализираа во просториите на Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп.
Од 2013 година поетските вечери се организираат на различни локации, најчесто во некое од градските кафулиња.

Во време на корона пандемијата и во времето кога се реновираше училиштето, ваквите поетско-музички настани се реализираа со видео записи направени во спомен куќата на Блаже Конески во с.Небрегово и на јавни површини низ градот и пошироко.

Во Македонија, ниту едно училиште не може да се пофали со олку и вакви настани за ширење на култура, љубов кон поезијата и музиката, негување на македонскиот јазик и традиција, дружење, прекрасно поминати моменти и исполнето време со среќа и задоволство.

15 po red поетска вечер во Кафетерија

Традиционална петнаесетта по ред декемвриска поетска вечер во „Кафетерија“ на 26.12.2024 год.

Поетска вечер Божилак

Поетска вечер „Божилак“

кочо рацин поетска вечер

Плакатот на поетската вечер „Со љубов за Рацин“

Поетски видео запис за Блаже Конески

Поетска вечер „100 Години Блаже Конески“ (во време на Ковид пандемијата) 19.12.2021

beli-mugri

Поетска видео презентација „Бели мугри“ 05.05.2020 год. (во време на Корона пандемијата) 

samo doma si e doma

 Плакатот на десеттата поетска вечер која се одржа на 25 Декември 2019 г. во Арт кафе Апореа, насловена како „Само дома си е дома“

kreiraj ubavina

Поетско-музички настан „Креирај убавина, креирај среќа“ - 07.03.2019

Љубовден

Плакатот на поетската вечер именувана како „Љубовден“ реализирана во „Арт кафе Апореа“ во 2018 год.

поетска вечер на странски јазици

Фотографија од потско-музичкиот настан на странски јазици „Љубовен колаж од четири бои“ во Арт кафе – Апореа на 07.06.2018

поезија во чаша

Плакатот на поетско-музичката вечер именувана како „Поезија во чаша“ реализирана во кафулето „Virus“ во 2018 год.

за животот и љубовта

Плакатот на поетската вечер именувана како „За животот и љубовта“ реализирана во кафулето „Арт кафе Апореа“ во 2017 год.

низ звуците на поезијата

Фотографија од музичко-поетскиот настан „Низ звуците на поезијата“ реализиран на 20.03.2017 во „Take Five“

треперења

Плакатот на поетската вечер именувана како „Треперења“ реализирана во кафулето „Арт кафе Апореа“ во 2016 год.

гимназиска седенка

Фотографија од музичко-поетскиот настан „Гимназиска седенка“ реализиран на 14.02.2016

времеплов

 Плакатот на поетската вечер именувана како „Времеплов“ реализирана во кафулето „Вирус“ во 2015 год.

фолклорот не е мртов

Фотографија од музичко поетскиот настан „Фолклорот не е мртов“ одржан на 14.02.2015 год.

поетска Македонија

Фотографија од поетската вечер „Македонија“ одржана на 30.12.2014

поетска вечер за виното и љубовта

Плакат на поетската вечер по повод Св. Трифун, празникот на виното, во Арт кафе Апореа.

poetska vecer 2013

Плакатот на првата поетска вечер именувана како „Незаборав“ реализирана во кафулето „Take five“ во 2013 год. и воопшто, прв ваков настан во Македонија 

поетска 2012

Фотографија од втората поетска вечер во Градска библиотека „Борка Талески“ Прилеп, одржана на 29.12.2012 год.

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија