
Од 5-ти до 14-ти јули оваа година во Дубаи, (ОАР), се одржа најголемиот натпревар по хемија во светот - Меѓународна хемиска олимпијада ( 57 - IChO 2025).
На олимпијадата во конкуренција од 354 натпреварувачи од 90 земји, нашиот ученик Петар Мирчевски го освои бронзениот медал.

Од македонската репрезентација покрај Петар, сребро освои Марио Ванчоски ученик во 4 година во гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. а пофалница доби Теона Георгиевска ученик во 3 година во „Јахја Кемал“ во Скопје. Во тимот беше и Елена Живаљевиќ ученик во „Јахја Кемал“
Подготовките на учениците беа интензивни и освен во нивните матични училишта се одржуваа со професори и асистенти на ПМФ. Водичи на тимот беа проф. д-р Миха Буклески и проф. д-р Слоботка Алексовска од Институтот за хемија при ПМФ - Скопје и членови на СХТМ.

Петар е вистинска гордост за гимназијата „Мирче Ацев“ за Прилеп и за Македонија, докажувајќи дека младите хемичари можат рамноправно да се натпреваруваат со врвни научни умови од целиот свет.
Но ова не е моментален успех. Петар Мирчевски веќе неколку години по ред го потврдува својот талент и труд на највисоко ниво. Изминативе четири години Петар има постигнато врни успеси освојувајќи:
Освен на меѓународно ниво, Петар веќе три години по ред освојува златен медал на Македонската хемиска олимпијада, што го прави еден од најуспешните натпреварувачи во историјата на ова натпреварување во нашата земја.
Успехот на Петар е успех и на неговиот училишен ментор, професорот по хемија Блаже Димески кој ги откри и ги развиваше кај Петар талентот и интересот за хемијата како наука, секојдневно проширувајќи ги знаењата на својот ученик.

Со знаење, посветеност и скромност, Петар Мирчевски е симбол на младата научна сила во Македонија – и доказ дека гимназијата „Мирче Ацев“ - Прилеп, е расадник на идни интелектуалци со светски потенцијал.
Уште еднаш, големо БРАВО ЗА ПЕТАР и за неговиот ментор, професорот Блаже Димески.
Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk
Copyright © 2010 - 2026