Logo

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп

Петар Мирчевски по вторпат трет во целиот свет
Петар освои бронзен медал на светската олимпијада по хемија „Менделеев“

vo brazil

Меѓународната Олимпијада Менделеев се смета за најпрестижната и најтешката олимпијада по хемија. Годинава се одржа од 5 до 13 мај во Бело Хоризонте, Бразил, а на неа учествуваа 192 ученици од 40 земји.

Натпреварот трае седум дена и опфаќа три круга: два теоретски и еден практичен, секој во траење од по пет часа — вистински маратон на умот, знаењето и упорноста.

Македонскиот државен тим го сочинуваа:

  • Марио Ванчоски, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип
  • Петар Мирчевски, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, Прилеп
  • Теона Ана Георгиевска, ПСУ „Јахја Ќемал“, Скопје
  • Елена Живаљевиќ, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  • Иван Костевски, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип
  • Даниел Христов, СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“, Штип

Нашите млади хемичари Петар Мирчевски и Марио Ванчоски се вратија дома со бронзени медали – блескав успех во конкуренција со најдобрите умови од целиот свет.

hemi;arite vo Brazil
mario i petar mircwvski

 Особено сме горди на Петар Мирчевски, ученик во нашата гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, кој освои еден од бронзените медали. Петар веќе три години по ред не претставува на меѓународната хемиска сцена, со импресивен биланс од два бронзени и еден сребрен медал.

Петар Мирчевски и Блаже Димески

Училишен ментор на Петар му е професорот по хемија Блаже Димески.

Браво, Петар! Со твојата посветеност, знаење и скромност, ни покажуваш што значи вистинска ученичка извонредност и љубов кон науката. Нека ова биде поттик за сите идни генерации млади научници од Македонија!


Објавено на: 27-07-2025

Официјална веб страница на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Сите права ги задржува gimprilep.edu.mk

Copyright © 2010 - 2026

гимназија