
На ден 09.05.2015 година во СОУ „Наум Охридски“ во Македонски Брод се одржа дваесет и седмиот Државен натпревар по предметот Македонски јазик и литература. Помеѓу натпреварувачите од средните училишта од градовите Скопје, Велес, Охрид, Берово, Штип, Кочани, Струмица, Делчево, Гостивар, Куманово, Струга и Битола, учевствуваше и нашата ученичка Бисера Мицеска која на регионалниот натпревар освои 1во место. Под менторство на професорот по македонски јазик и литература Мартин Наумоски, Бисера по вторпат достојно ја претстави нашата гимназија. Освои 91 поен, со што од вкупно 29 учесници го освои второто место.
Со тоа уште еднаш се потврди дека Гимназијата ги има најдобрите ученици и професори.
Браво за Бисера !
Објавено на 12.05.2015
- Календар на неработни денови во 2017 година
- Заштита на личните податоци